Еден од основачите на СДСМ Ѓунер Исмаил гостуваше вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, каде се дебатираше и за тоа дали е можно во скоро време да се реши спорот со соседна Бугарија.
Тој смета дека не постојат доволно квалификувани комисии бидејќи историјата не може да се напише со одлука на било каков орган.
„Мислам дека Бугарија направи тотално погрешна проценка околу тоа дали да го отвора ова македонско прашање, но со таа погрешна одлука појдоа и го отворија“, вели Исмаил и додава дека поради таа одлука тие се нашле на прилично лоша мета дебати во ЕУ.
Тој смета дека ќе дојде време кога Бугарија ќе треба да ја преиспита својата геостратешка позиција, а дотогаш ќе созрее размислувањето за тоа како на конструктивен начин тој договор меѓу Македонија и Бугарија се случи како win-win позиција.
Во продолжение целата изјава:
