Поскапуваат бензините, дизелот со непроменета цена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поскапуваат бензините од вечерва на полноќ, додека дизелот останува со непроменета цена. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 18.5.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,723%, кај дизелот за 0,982%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,545% и кај мазутот намалувањето е за 0,348%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,0116%.

Од 27.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 95                     87,50  (денари/литар)

Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 98                     89,50  (денари/литар)

Дизел гориво               ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                92,00  (денари/литар)

Масло за горење        Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                    94,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                   51,144 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,330 ден/кг и сега изнесува 51,144 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.5.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.