СДСМ ја обвинува власта за лоши економски политики. Според нив, од власта ветувале подобар живот и повисоки плати, но наспроти тоа, како што велат, граѓаните живеат полошо, „едвај врзуваат крај со крај“ и секој ден водат борба за преживување од први до први со најниски плати во Европа.
Според СДСМ, власта и премиерот Мицкоски ветувале нови странски инвестиции, а странските инвестиции се намалени за 61 процент, односно за 729 милиони евра помалку во 2025 година. Сиромаштијата достигнала 21,9 проценти уште во првата година од владеењето, а власта ветувала и нови работни места, додека бројот на вработени во индустријата е намален за 2,8 проценти бил само за една година. Исто така, од СДСМ велат дека за само две години државата е задолжена за нови 2,5 милијарди евра, а јавниот долг достигнал рекордни 11 милијарди евра.
Со сооопштение се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ – велат дека е овозможен раст на економијата од над 3%, дека платите растат со динамика близу 10%, а расте и бројот на нововработени лица и невработеноста е на историски најниско ниво. Од владејачката партија посочуваат дека владата ги сервисира старите долгови создадени токму во време на СДСМ – минатата година била отплатена еврообврзница од 500 милиони евра, оваа година за отплата е еврообврзница од 700 милиони евра земена од владите на СДСМ половина од која веќе е сервисирана. Капиталните инвестиции се реализираат на историски високо ниво, за разлика од порано кога СДСМ беше на власт и се плаќаа аванси и анекси, а на терен ситуацијата беше статус кво – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, поради лошото менаџирање на државата од страна на СДСМ, денес се враќаат и 50 милиони евра на 156 компании за мерката солидарен данок.
