Потпретседателот на Движењето Беса, Блерим Сејдиу, во новата емисија „Daily Click“ на ТВ21 изјави дека е убеден дека кандидатот за претседател на „Вреди“, Арбен Таравари ќе оди во вториот круг од претседателските избори.
Сејдиу вели дека немаат калкулација за гласови, но дека е убеден дека рекордот на гласови ќе биде срушен.
„За прв пат во Македонија во вториот круг ќе има Македонец и Албанец. Сега нема калкулација, но знам дека ќе го сруши рекордот. Сега што и да кажам, тоа што ќе го кажам ќе потрае многу, но сигурно знам дека ќе го собориме рекордот на гласови во Македонија“, рече Сејдиу.
