Во засилена полициска акција во Скопје, во текот на ноќта меѓу 21 и 22 август, санкционирани се 262 возачи, од кои 102 мерки се изречени на возачи на мотоцикли и мопеди.
Евидентирани се 93 случаи на управување без заштитна кацига, додека останатите прекршоци се однесуваат на несоодветна категорија, управување без положен возачки испит и други сообраќајни прекршоци, меѓу кои и поминување на црвено светло.
Полицијата привремено одзела еден мотоцикл, додека шестмина се лишени од слобода согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.
