Освен министер за екологија, Изет Меџити ќе биде и прв вицепремиер во идната Влада. Тоа и самиот го тврди, појаснувајќи дека оваа функција не постои во законот за влада, туку истата функционира врз основа на Деловникот на Владата.
Меѓутоа, пред неколку дена потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за „Телма“ изјави дека во следната Влада нема да има прв вицепремиер, туку сите вицепремиери ќе бидат исти. А еден од нив ќе биде и самиот Николоски.
Инаку, во актуелниот владин состав прв вицепремиер беше Артан Груби, а за време на техничката влада поднесе оставка затоа што Талат Џафери стана премиер од редовите на ДУИ. По Груби, прв вицепремиер беше Бојан Маричиќ. Првиот вицепремиер има должност да го менува премиерот кога тој не е присутен во државата, било на билатерални средби или на водење на владини седници.
