426 милиони евра ќе бидат потребни во првата фаза од изградбата на железничката пруга од Кичево до границата со Албанија. Оваа е комплексен инвестициски зафат, бара и пари и други ресурси , вели директорот на Македонски Железници-Инфраструктура Фестим Халили. Појасни дека единствено нашата држава го нема завршено делот од Коридорот 8. Проблемот за ваквата состојба објаснува Халили , не се само финансиите туку и несогласувања меѓу институциите во претходната влада.
„Овој проект е во должина од 63 километри почнувајќи од Кичево па се до граница со Северна Албанија. Првично имавме мал проблем со УНЕСКО бидејќи тие два километри каде поминува трасата покрај Охридското езеро ни рекоа дека треба да го анализираме подобро дали ќе може некоја алтернативна рута да се направи. Затоа проектот е поделен во две фази“ посочи Фестим Халили.
Четири години би биле потребни за завршување на првата фаза вели Халили. Изградбата на проектот како што рече тој, дополнително го усложнува и ридско –планинскиот терен за што ќе биде потребна изградба на 49 мостови и 13 тунели . Планирани се и две главни железнички станици во Мешеишта и во Струга, а ќе има и 4 мини станици покрај трасата. Првата фаза од проектот ќе чини 426 милиони евра.. А за двете фази на проектот би биле потребни вкупно 525 милиони евра. Дали Железници-Инфраструктура ќе може да го издржи товарот во услови кога според многумина претпријатието се соочува со долгови.
„Ова се големи проекти и без помош на МФ и Владата ние како претпријатие не би можеле да ги изведеме … 10.47 Нашите приходи како претпријатие се многу мали во споредба со инвестицискиот план што го имаме за наредните години“, додаде Фестим Халили.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во 10 минутното интервју на ТВ 21 ја повтори комплексноста на проектот но ја потврди и заложбата на Владата дека ќе се инвестира и во Западниот и во Источниот дел од Коридорот 8.
„Се работи за многу средства ,голема сума пари. Проектите го налагаат тоа .Дали ние сметаме дека многу или малку тоа е прашање за кое не се дискутира. Тоа е реална сума на чинење“, истакна Благој Бочварски.
Владата во вторникот одлучи за изградба на железничката пруга од Кичево до граница со Албанија да бара 426 милиони евра од меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори како грант средства за течничка помош но засега само за проектот до Струга .
