Ќе има ли трета среќа за селекторот Милевски? Романија, следен предизвик за Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Следниот предизвик за црвено-жолтите фудбалери е Романија. По израмнувањето 2-2 против Исланд, Македонија во Скопје ќе го одигра последниот меч за овој месец во рамките на квалификациониот циклус за пласман на Светското првенство 2022. По два изедначени резултати, новиот селекторот Благоја Милевски сѐ уште не може да испише победа. Вели дека исходот со Исланд бил психолошки момент, но дека тоа веќе го оставиле зад нив и дека сега размислуваат само на Романија.

Чуварот на македонската мрежа, Столе Димитриевски, рече дека веќе ја сфатиле идејата на новиот селектор и се надеваат на позитивен скор на мечот против Романија.

На премиерниот натпревар во квалификациите, македонската репрезентација загуби од Романија со 3-2. Но, утре на одбележувањето на независноста, Македонија има можност да се реваншира на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток од 20:45 часот.