15 проекти и еден мега проект, вака кандидатот за втор мандат Петре Шилегов ја „пресметал“ програмата на Данела Арсовска.
„Сите тие се во фаза на реализација, со се тунелот од Лимак, тука во соседството , јас го претставив во јавноста бидејќи јас не сум човек што прави помпи од својата работа. 300 метри од 750 се веќе готови“, рече Шилегов.
Поранешниот градоначалник и политички аналитичар Имер Селмани рече дека со именување на покојниот Енвер Малиќи за заменик градоначалник, Шилегов стекна голема доверба кај Албанците.
„Господинот Шилегов ги оправда сите свои четири години со тоа што доби таква голема поддршка во 2017 година. Тој може е скромен, но јас само ќе потсетам на неколку факти. Фактот дека го именува, веднаш после неговиот избор, сега покојниот Енвер Малиќи за Албанците и за сите тие гласачи беше не мала работа.“, рече Селмани.
Шилегов во изборната дебата на ТВ21 посочи дека во Општина Чаир 50 години не било ништо направено. Тој вели дека во Чаир основната инсфраструктура не била поставена, и додава дека во последните 4 години почнале да работат во оваа општина.
„Мојот императив е град за сите. Со политиките што ги креиравме во последниве 4 години прв пат можеме да кажеме дека Скопје е град за сите. Порано беше за еден мајка, за друг маќеа.“, вели Шилегов.
Доколку ја добие довербата од граѓаните, вети дека улицата „Цветан Димов“ кај Јаја Паша ќе стане булевар со шест ленти, зеленило и велосипедски патеки.
