Тешка сообраќајка кај Струга: Едно лице тешко повредено

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Подмоље – Струга, при судир меѓу две патнички возила.

Несреќата била пријавена во 20:20 часот во ОВР Струга. Во неа учествувале „пежо 2008“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот Ј.М. од Струмица, и „форд фиеста“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 41-годишната К.Ш.З. од Кичево.

Во несреќата К.Ш.З. се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот на „пежото“, Ј.М., и неговиот 57-годишен сопатник Р.М. од Струмица се здобиле со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Струга.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Струга.