Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поенти. Така, новата камата е 4,25, место досегашните 4 проценти. Оваа камата е сигнал до банките за да и тие ги зголемат каматите.
Гувернерот на НБРМ Трајко Славески, вели дека е подобро да има повисоки каматни стапки, отколку да биде зголемена инфлацијата.
„Од почетокот на годината беше забележана поголема побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, што беше услов за поголема присуство на Народната банка на девизниот пазар. Од почетокот на мај се бележи стабилизација на побарувачка на девизи. И покрај најавите за поголема извесност на смирување на конфликтот на Блискиот Исток, економските последици од геополитичките случувања се присутни“, изјави Славески.
Тој рече и дека „иако ниските каматни стапки се популарни, тие ја подгреваат инфлацијата, а тоа ги засега најсиромашните“.
„Подобро повисоки каматни стапки, отколку зголемување на инфлацијата“, рече Славески.
