Фудбалската легенда на македонската репрезентација Горан Пандев, на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21, проговори и за откажувањето на Стефан Ристовски во националниот тим.
„Не знам дали ќе се врати Стефан Ристовски. Претседателот знам дека бил во контакт со него, сакам и јас да зборувам и да видиме како може да се врати. Стефан го познавам и сигурен сум дека би играл за репрезентацијата“, рече Пандев.
Поранешниот фудбалер на Интер, Наполи, Лацио, Галатасарај рече дека Македонија не смее да дозволи таленти да играат за други репрезентации, како што е тоа случај со Дејан Кулушевски од Тотенхем, кој играше за младата македонска селекција, а сега е дел од сениорите на Шведска.
„Не треба да си дозволуваме да губиме играчи како Кулушевски или како Секулов. Некако имам чувство дека многу брзо се откажавме од нив. Македонија секако има таленти и тоа многу, ние сме извор на таленти, но смееме прелесно да ги губиме“, вели Пандев.
