Економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал е добра вест за државатa, оценуваат од ВЛЕН, додавјќи дека уште поважно е што, според нив, зад овој раст стојат инвестициите, извозот и преработувачката индустрија.
„Инвестициите се зголемени за 16,5 проценти, извозот за 10,4 проценти, додека преработувачката индустрија бележи раст од 4,1 процент. Компаниите инвестираат повеќе, производството се проширува, а нашите производи наоѓаат место на странските пазари“, соопштија од владејачката ВЛЕН.
Како што велат, преку Министерството за економија и труд, предводено од Бесар Дурмиши, оваа година се издвоени 1,23 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, за домашните компании. Овие средства се наменети за компании кои сакаат да го прошират производството, да набават опрема и да отворат нови работни места.
„ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува оваа политика. Работа сè уште има, но бизнисите веќе знаат дека на чело на Министерството за економија и труд имаат партнер кој ги слуша и ги поддржува кога инвестираат“, соопштуваат од оваа владејачка партија.
