„Ова се работи кои ќе ги направиме во првите 100 дена. Ќе аплицираме задолжителен ветинг за на секој политичар, судија и државен службеник. Минимална плата од 600 евра за секое медицинско лице, наставник и учител“, истакна Насер Зибери.
Ова се дел од ветувањата на ДУИ и нивниот тогашен кандидат за премиер Насер Зибери. 100 дена поминаа од формирањето на владата, Зибери не е дел од истата, а се поставува прашањето дали тие ќе бидат реализирани. Неговите ветувања се дел од владината програма на СДСМ и ДУИ, но само во поинаков формат.
Сепак, за нивното нереализирање, виновна е пандемијата со Ковид 19, велат премиерот и неговиот прв заменик.
Премиерот Зоран Заев вели дека дел од прокетите не можат да се спроведуваат поради пандемијата со Ковид 19, но само можат да се подготвуваат во форма на закони кои по спласнувањето на пандемијата со Ковид 19 ќе отпочнат со реализација.
„Еден дел од работите нормално дури и не само за ова прашање што важи и за другите, невозможно е да се спроведат на вака силен бран на пандемјата која што постои, но тоа не значи дека базичните подготовки во форма на текстови, на законски решенија не се отпочнати за да може да се спроведува во тој момент што ќе одмине силниот бран на Ковид 19“, истакна Зоран Заев.
Првиот вице премиер Артан Груби одговори дека овие ветувања се адресирани и почнати како процес, но не даде конкретен одговор зошто не се спроведени како што се ветување за избори.
„Тие се ветувања всушност што не треба да се реализираат само во првите 100 дена туку во рамките на еден цел мандат“, посочи Артан Груби.
Груби тврди дека ветингот е започнат и е еден од приоритетите на Владата.
„Ако се реализира ветингот или прочистувањето во судството, и ако постигнеме неселективна правда и кредибилност на институциитево обвинителството и судството тоа веќе донесува еднаквост во владеењето на правото и целосна доверба на граѓаните што значи постигнување на цел и тоа што сме гп ветиле пред граѓаните“, додава Артан Груби.
Груби одговори само на едно прашање и замина поради други обврски. Освен премиерот беше министерот за борба против корупција и вице премиер за европски прашања, сите други министри беа вклучени на алатката зум само поради заштита од пандемијата со Ковид 19.
Во нивните експозеа се пофалија за сработеното, иако тоа е премалку во однос на она што беше ветено. Сите ветувања се во процес, единствено што Македонија стана членка на НАТО, нешто што беше најголемо ветување, но не ги започна преговорите со Европската унија.
