Ќе се обезбеди условен буџет за набавка на лекот Kalydeco/Ivacftor за лекување на пациенти со цистична фиброза

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од Фондот за здравствено осигурување денеска информираат дека ќе обезбедат условен буџет од вкупниот договорен буџет за 2021 година за ЈЗУ Клиника за детски болести за набавка на лекот Kalydeco/Ivacaftor во износ од 6.663.048,00 денари.

Овој лек, посочуваат, ќе се користи за обезбедување на здравствени услуги на трoјца пациенти кои се лекуваат во ЈЗУ Клиника за детски болести.

Согласност за набавка на лекот побарала Клиниката за детски болести, а Министерството за здравство издало согласност за набавка на овој лек, во склад со член 9 од Законот за здравствено осигурување.

Одобрението што го даде Фондот, е во траење од два месеци, по што од страна на Клиниката за детски болести ќе се направи анализа за успешноста на примената терапијата.

„Доколку резултатите се позитивни, а имајќи предвид дека се работи за доживотна терапија лекот Kalydeco/Ivacaftor по претходно спроведена процедура за негово вклучување преку Комисијата за ретки болести, понатаму ќе биде обезбедуван во рамките на Програмата за лекување на ретки болести за 2021 година, која е во надлежност на Министерството за здравство, а ја носи Владата на Република Северна Македонија“, велат во соопштението.