Ќе се повтори ждрепката за Лигата на шампионите поради спорна ситуација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ждрепката во Лигата на шампионите ќе биде повторена откако се случи спорната ситуација со Манчестер јунајтед. Имено при влечењето на Вилјареал, Андреј Аршавин го избра Манчестер јунајтед за противник на шпанскиот клуб, откако претходно место „црвените ѓаволи“ да се најдат во барабанот за дуел против Атлетико, таму се најде Ливерпул, тим со кого беа во групата.

Сето ова кумуваше со тоа во првата нокаут фаза да се сретнат ПСЖ и Манчестер јунајтед, односно Баерн Минхен и Атлетико Мадрид. УЕФА излезе со официјално соопштение во кое вели дека поради проблеми со софтверот за информации кои биле упатени кон лицата задолжени за ждрепката, таа ќе мора да се повтори.

Новиот ждреб за осминафиналето во ЛШ е закажан за во 15 часот.