Ќе се продолжи булеварот „Благоја Тоска“? – Касами вели дека е потребен проект и да се обезбедат финансиски средства

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пуштен во употреба долгоочекуваниот дел од булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, но за продолжување на истиот е потребен уште еден проект, бидејќи општина Тетово нема детален проект и не знае колку би чинело  „Благоја Тоска“ да се поврзува со булеварот „Илинден“. Градоначалникот на Тетово, Билал Касами вели дека прво треба да се направи проект, а потоа да се обезбедат средства за да се продолжи патот.

„Во моментов не, разговаравме и со соработниците, според информациите што ги имам, има основен проект, треба да се нарача студија за експропријација, да се направи финансиска конструкција, да видиме колку ќе чини експропријацијата на овој проект и да се обезбедат средства за да продолжиме со реализација на овој проект“, вели Биљал Касами.

Тетовци очекуваат овој булевар да продолжи. Тие велат дека општината треба да инвестира во инфраструктурата, бидејќи само така ќе се олесни сообраќајот.

„Мислам дека булеварот треба да се отвори до булеварот „Илинден“ и доколку не може да се оди до таму, барем до првата кривина, да се намали сообраќајот, тоа би било во најдобар интерес за граѓаните. Благодарни сме на сите фактори кои даваат дали е тоа  централната или локалната власт и без сомнение тоа е во најдобар интерес на граѓаните“.

„Треба да се направат сите, да се отворат патиштата, да се отворат фабрики, гледате дека останавме без младина. Сите млади избегаа“.

„Да, треба да се продолжи, зошто да не продолжи, ќе се направи многу добар булевар таму, зошто да не продолжи“.

Булеварот „Благоја Тоска“ пред три дена го пушти во употреба градоначалникот на општина Тетово. Должината на овој дел е речиси 1 километар, додека отворањето на овој булевар има за цел да го поврзе булеварот „Илинден“ со регионалниот пат Тетово- Јажинце, но 20 години се одложува отворањето на истиот поради финансиските средства.