Ќе се реконструира едно од најстарите училишта – се учело на македонски јазик уште од 1944 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 19 ноември 1944 во училиштето во Љубојно во Преспа заѕвони првото училишно ѕвонче за учениците од македонските паралелки.

Ова школо на кое му беа останати само ѕидовите, е уништувано низ годините, неколку пати жителите барале да се реконструира и да се направи музеј бидејќи е второ најстаро училиште во Македонија на македонски јазик.

Во ова село се останати многу малку жители, но премиерот Димитар Ковачевски вети дека овој објект ќе се реконструира за да стане центар за промовирање на македонскиот јазик.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска  рече дека овој проект ќе чини 500 илјади евра и ќе се оди чекор по чекор почнувајќи од конзервација на објектот.

Ковачевски заедно со владина делегација за време на посетата на Преспа, застана и кај селото Курбиново за да ја посети црквата “Свети Ѓорѓи“ која постои од 12 век и се реновира со средства од владата.