Ќе се укине забраната за интимни односи: Организаторите на ОИ во Париз ќе поделат 300.000 кондоми за учесниците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Организаторите на Олимписките игри во Париз одлучат да ја прекинат забраната за интимни односи меѓу спортистите, која беше воведена на минатите ОИ во Токио, поради пандемијата на коронавирус.

Додадоа дека планираат на учесниците на игрите да им поделат 300.000 кондоми.

„Со толкав број на презервативи, секој жител на Олимпиското село ќе има она што го очекува и она што му е потребно“, рече Лоран Мишо, директорот на Олимпиското и Параолимпиското село.

Според неоговите зборови, се очекува повеќе од 14.000 спортисти, новинари и службени лица да учествуваат на игрите, и тие сакаат да овозможат сите да се чувствуваат „удобно“.

„Нема да има алкохол, што е вообичаено за олимписките села, но може да имаат интимни моменти“, кажа Мишо.