Излезе од „Порше“ и фрли отпад во Лепенец – полицијата ја пронајде и казни 38-годишната жена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скопската полиција ја идентификуваше жената која беше снимена како фрла отпад во реката Лепенц, во близина на мостот на улицата „Скопје“. Станува збор за 38-годишна со иницијали М.И.Б. од Скопје, која утрово беше повикана во полициската станица во Карпош, на информативен разговор.

По документирањето на случајот, против неа беше издаден платен налог согласно Законот за јавна чистота, за фрлање амбалажа надвор од предвидените места. Таа беше санкционирана и за непрописно паркирање на возило во сообраќајната лента.