Владата донесе одлука до крајот на 2026 година да се вработат 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи.
Според Министерството за здравство, со оваа одлука се настојува да се задржат младите лекари во земјата, да се надмине недостигот од специјалистички кадар и да се зајакнат капацитетите на клиниките, болниците и здравствените домови. Воедно, се очекува да се обезбеди порамномерна распределба на медицинскиот персонал и да се скрати времето на чекање за пациентите.
Министерот за здравство, Сашо Клековски, оцени дека ова претставува инвестиција во иднината на здравствениот систем и во професионалниот развој на младите лекари, нагласувајќи дека целта е тие својата кариера да ја градат во Македонија.
Вработувањата ќе се реализираат согласно потребите на јавните здравствени установи, односно таму каде што недостигот од специјалистички кадар е најизразен.
