Дали пописот ќе покаже колку граѓани на Северна Македонија заминале во странство?
Директорот на Завод за статистика, Апостол Симовски, вели дека тоа ќе може да се дознае индиректно, но не и времето кога мигрирале.
Симовски очекува резултатите од Пописот да се објават на 31 март според предвидениот рок и тврди дека се сè одвива според планот.
Пописот започна на 5, а заврши на 30 септември. Попишани се 1.832.696 жители, од кои 204.850 од дијаспората, а евидентирани се 837.255 домаќинства.
