Во Кичево беше потпишан Кодекс за фер и демократски избори. Но кандидатите за градоначалник не се појавија, туку испратиле нивни претставници. Само Ѓорѓи Билевски сам се потпиша, од Македонска ера трета.
И делегираните претставници за потпишување на овој кодекс не дојдоа на исто време, туку сите се потпишаа посебно без да се сретнат меѓу себе за да си подадат рака. Претставниците имаа разни образложенија за не- присуството на кандидатите:
„Независниот кандидат Фатмир Лимани не беше присутен. Поради технички причини, тој е на службено патување и неговиот претставник го потпиша изборниот кодекс за фер и демократски избори“, истакна Агим Садику.
„Активностите на ДУИ се многу широки и затоа тој денеска е во Скопје за одредени активности“, вели Адем Карага.
Претседателката на Општинската Изборна Комисија рече дека на поканите до сите кандидати стоел истиот термин, 12 часот.
„На просториите на ОИК беше потпишан изборен кодекс за фер и демократски избори. Лично се потпиша само кандидатот Ѓорѓи Билевски, од Македонска ера трета. А за другите тројца кандидати се потпишаа нивните претставници“, истакна Афије Јонузи.
Во понеделник, 27 септември, официјално почнува изборната кампања, а изборите ќе се одржат на 17 октомври.
