За време на летната сезона, Кичево заживува поради доаѓањето на печалбарите во својата татковина за да го поминат летниот одмор. Во овој град веќе стана традиција во текот на овој период да се гледа поголем број питачи. Повеќето од нив доаѓаат од други градови во раните утрински часови и седат на сонце и питачат цел ден.
„Кога доаѓа летната сезона, кога во Кичево доаѓаат печалбарите, се собираат многу питачи од различни градови кои питачат за пари. Има и помлади и постари. ТВ21 дознава дека тие доаѓаат наутро од другите градови и навечер се враќаат во нивните куќи“, вели репортерката на ТВ21.
Тимот на ТВ21 во град сретна питачи кои не се од Кичево. Ова дете е од Велес, вели дека родителите му се во затвор, а неговите браќа и сестри се во Велес.
Друго дете кое го сретнавме има 10 години и доаѓа од Прилеп, вели дека родителите му починале и дека секој ден патува со автобус до Кичево за да собере пари заедно со неговиот брат.
Питачите најактивни се во текот на ноќта каде им бараат пари на младите кои ги посетуваат локалите. Овој феномен со деца питачи се случува насекаде во Македонија, посебно во текот летото.
