Кичевското село Црвивци со ново училиште! – Се остварува сонот на жителите, во септември ќе биде отворањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Периферното училиште Милто Гура во село Црвивци е изградено во ’70-те години од самите жители на селото и од тогаш многу генерации се школувале во овој објект, но во последно време почна да капе кровот и да се уништува постепено. Во зима во училниците капе вода од таваните бидејќи како што велат жителите, тој е скапан однатре иако на изглед изгледа дека е цврст. За овој проблем ТВ21 известуваше во месец октомври.


Но на сето ова му дојде крајот бидејќи школото е урнато и се гради нов објект по сите потребни стандарди за редовен едукативен процес, а неговата вредност изнесува 33 милиони и 739 илјади денари.
Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари рече дека работите се започнати пред 10 дена и дека се одвиваат со брза динамика за да се стигне во септември учениците да можат да учат во новиот објект.


„Можам да кажам дека сонот на овие на жители а особено сон на дијаспората од овде, ние денес го остваруваме, го правиме реалност а да оствариш еден сон за мене е мотив за да се продолжи понатаму, со изградбата на ова училиште ние успеваме да затвориме голем процент од изградбата на училишта“, рече Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево.


Радосни поради новото училиште, жителите од ова село се надеваат дека септември нивните деца ќе можат да посетуваат настава овде.

„Со душа го чекавме, за поголемиот дел од селата е како сон, го чекаме со голема радост“, истакна Бетим Кљоси, претседател на локалната заедница.
Делегација од општината заедно со директорот на претпријатието Комуналец исто така организираа свечено отворање на водоводот во село Колибари, кое 35 години мака мачеше со водата. Секогаш имаа недостиг од вода иако беа поврзани на водата кај Зајас но тоа не беше доволно за сите селани.


„Финансиското косто на овој проект изнесува 150 илјади евра и е реализирано според предвидената динамика, дури можеби и побрзо“, додаде Дехари.


Оваа чешма овде кај горниот дел е поставена пред повеќе од 40 години и никогаш немало вода, а денеска за прв пат по 40 години од неа тече вода.