Кина 2-3 месеци го криела коронавирусот – кога и за што била претходно прогласена пандемија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на Кина првично го криела постоењето на коронавирусот, но подоцна кога тоа било невозможно го објавиле. Докторот Беким Татеши во вечерашното издание на дебатниот магазин „EU Click“ на ТВ21 објаснува за тоа какви пандемии бележи историјата.

„Човештвото за време на својот развој имаше неколку пандемии, кои оставија многу големи последици во тоа време. На пример во 14-тиот век имавме пандемија на чума, бактерија – Yersinia pestis, која одзема милиони животи, меѓутоа ние денеска тоа не го знаеме. Потоа го имаме шпанскиот грип, кој уби околу 500 милиони луѓе, птичји грип, односно вирус сличен на птичјиот грип кој го имавме пред 10-15 години. Потоа, во помодерно време како пандемијата ја имаме болеста AIDS, а сега го имаме коронавирусот, кој како што слушнавте се вика Ковид-19, збор кој потекнува од англискиот – Coronavirus diseas-19, така е именуван бидејќи Кинезите токму на новогодишната ноќ, на 31-ви декември, ја доставиле првата информација во Светската здравствена организција дека е регистриран вирус“, вели во „EU Click“ докторот Беким Тетеши.

Првичната појава на коронавирусот била уште пред 2-3 месеци пред Кина официјално да испрати соопштение од Светската здраствена организација.

„Најновата пандемија е коронавирусот, вирус кој содржи рибонуклеинска киселина која кога ќе навлезе во клетките влегува во генетскиот материјал и толку многу влијае што нашиот организам не може да го контролира нејзиното дејство“, додава докторот Беким Татеши.