Кина ги намалува предложените царини за одредени млечни производи од Европската Унија, објавија денес две европски индустриски здруженија.
Со тоа, Пекинг ја завршува истрагата против субвенциите, која се сметаше за одмазда за царините на Европската Унија за кинеските електрични автомобили, објави Ројтерс.
Кина предлага дополнителни царини до 11,7 проценти во споредба со максималната стапка од 42,7 проценти на привремените царини објавени во декември, соопштија Европската асоцијација за млечни производи и „Еуколаит“.
