Кина, земјата во која епидемијата на Ковид-19 помина, воведува нови мерки за да спречат асимптоматските преносители да предизвикаат нова пандемија.
Иако бројот на новозаразените опаѓа од февруари, откако Кина изолираше неколку градови, властите предупредуваат на внимание поради страв за нов бран на вирусот.
Од 63 нови случаи во Кина, 61 лице дошле од странство. Кина исто така е загрижена поради асимптоматските случаи кои без никакви симптоми може да го пренесат вирусот. Вчера беа пријавени нови 56 такви случаи.
