Кина: Вложуваме максимални напори да започнеме преговори со ЕУ за царините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кина утринава објави дека прави максимални напори да започне преговори со ЕУ за тарифите наметнати од Брисел за увоз на кинески електрични возила и други производи.

Портпаролот на кинеското Министерство за трговија Хе Јадонг на прес-конференција изјави дека Кина се надева дека европската страна ќе ги послуша повиците на индустријата и ќе промовира билатерална инвестициска соработка преку дијалог и консултации, објави Ројтерс.

Во посебна изјава, кинеското Министерство за трговија рече дека во Кина се водат истраги во врска со субвенциите на ЕУ за извоз на свинско и млечни производи.