Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува, бројот на нови пациенти е преполовен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека епидемијата во Гостивар влегува во фаза на смирување, откако бројот на лица кои бараат лекарска помош значително се намалил.

Според него, во последните 24 часа се регистрирани 80 нови пациенти, што е двојно помалку во споредба со претходните денови. Досега се евидентирани околу 4.000 заболени, поднесени се околу 750 пријави за заразни болести, а анкетирани се речиси 490 лица.

Клековски најави дека, покрај следењето на состојбата, започнува и детална епидемиолошка анализа за утврдување на текот на епидемијата и раздвојување на случаите поврзани со неа од вообичаените гастроентерити.