Клековски на увид во Лешок: Проблемот со водатата трае речиси една деценија, болницата обезбедена со безбедна вода за пиење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во врска со водоснабдувањето во Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок, при денешната посета, министерот за здравство Сашо Клековски ги повика новинарите на непосреден увид во состојбата на самото место.

– Тоа дека водата не е за пиење не е тајна — станува збор за јавно објавена состојба која се однесува на сите чешми во болницата и во населеното место Лешок. Состојбата во Лешок е слична на таа во голем дел од руралните средини во земјава, кои се снабдуваат од бунари и локални водоводи. Во нив водата најчесто е неисправна за пиење поради бактериолошко загадување, особено во летните месеци, изјави министерот Клековски.

Тој појасни дека ваквата состојба во Лешок и во болницата трае од 2017 година, потенцирајќи дека до болницата се обезбедува вода за пиење од диспензери (апарати за вода), а хигиената е на највисоко ниво.

Специјалната болница во Лешок е сместена во нов објект од 2007 година и се грижи за пациенти со астма и ХОББ.По иницијатива на месната заедница Лешок, вложено е во решавање на овој децениски проблем и се очекува наскоро водата да биде соодветна за пиење.