Клековски: Проблемот со неисправната вода во Лешок постои повеќе од една деценија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Сашо Клековски при посетата на Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок изјави дека водата во селскиот водовод и натаму не е безбедна за пиење, но дека болницата со години користи вода од диспанзери.

Тој посочи дека проблемот со неисправната вода во Лешок постои повеќе од една деценија и дека се работи на негово трајно решавање. Во текот на следната недела се очекува да бидат направени нови анализи, по што ќе се утврди дали водата ќе може да се користи и за пиење.

Клековски додаде дека и во Гостивар сè уште не е дозволена употреба на водата од градскиот водовод поради недоволно ниво на резидуален хлор, а одлуката за нејзина употреба ќе биде донесена по дополнителните контроли. Исто така, потсети дека за квалитетот на водата се одговорни јавните комунални претпријатија во општините.