Клик Плус – дебата за Законот за правична застапеност: Сулејмани вели дека е подготвен, Биљали има сомнежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако Законот за правична и соодветна застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија уште во декември минатата година, тој сè уште не е испратен во Собранието за да се отвори дебата и да се гласа. За овој закон синоќа во Клик Плус дебатираа потпретседателката на ДУИ, Арта Билали Зендели, и заменик-министерот за образование од ВЛЕН, Дритон Сулејмани.

„Законот беше испратен до Венецијанската комисија и доби зелено светло. Сега ќе влезе во системот ЕНЕР, каде што ќе има јавна дебата. Бидејќи веруваме дека е многу важен закон, треба да се вклучат сите учесници во креирањето политики. Доколку имате некакви сугестии или критики, ние сме отворени во Собранието да дискутираме за овие прашања.“, вели Дритон Сулејмани.

„Би сакала навистина да биде така. Би сакала навистина да ги унапредите овие прашања. Јас ќе бидам конструктивна. Ако ми кажете на колку места во законот се споменува етничката припадност и какви санкции предвидува тој закон, јас ќе бидам конструктивна и ќе работам и во партијата да бидеме конструктивни.“, вели Арта Биљали Зендели.

Сулејмани: „Правичната и соодветна застапеност не е прашање на еден етникум, бидејќи ние сме мултиетничка држава.“

Биљали Зендели: „Но вие се повикувате на гласовите на Албанците.“

Сулејмани: „Секако. Ние гарантираме дека овој закон значително ќе ја обезбеди правичната и соодветна застапеност.“

Биљали Зендели: „Додека јас гарантирам дека овој закон доаѓа само како последица на фактот дека укинувањето на ‘Балансерот’ беше составен дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.“

Модератор: „Веќе две години велите ‘наскоро’, но кога конкретно ќе биде донесен, бидејќи навистина помина многу време откако велите ‘наскоро, наскоро’.“

Сулејмани:  „Се обидуваме работите да ги правиме полека, но сигурно, за да не оставиме простор некој подоцна да го погрешно толкува или да го оспори.“

Инаку, Владата го изработи нацрт-законот за правична и соодветна застапеност во јуни, околу една година откако Уставниот суд на 9 октомври 2024 година одлучи да го укине инструментот „Балансер“, додека Венецијанската комисија нацрт-верзијата од Владата ја прими во јули.