„Длабоко жалиме што ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија-Скопје и нејзиниот стручно-медицински персонал без основ се става во контекст на дневно-партиски интереси, а на штета на пациентите. Во интерес на вистината, за да не се шири непотребна паника, Ве известуваме дека Клиниката во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на COVID-19 болеста работи со полн капацитет, согласно препораките за работа на Министерство за здравство на Република Северна Македонија.
Во период во кој се соочуваме со пандемија со Covid-19, која секојдневно резултира со зголемување на бројот на заболени, превземаме вонредни мерки со кои треба да се спречи опасноста од ризикот за локална трансмисија.
Имајќи го во предвид влијанието што може да го има оваа закана врз пациентите со хематолошки заболувања, координативно кризно тело за пандемија со Covid-19 на ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија – Скопје, донесе вонредни мерки за условите за работа.
Овие мерки имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и на медицинскиот персонал, истовремено одговарајќи на потребите на пациентите преку обебедување континуиран третм
Ја информираме јавноста дека секојдневно се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и на медицинскиот персонал, а истовремено одговарајќи на потребите на пациентите преку обезбедување 24 часовен континуиран третман.
Во услови кога се соочуваме со секојдневно зголемување на бројот на заразени со COVID-19 вирусот, Министерството за здравство има точно разработена стратегија и распоред за вклучување на кадри од сите специјалности во директно справување со пандемијата.
Доколку има потреба, стручно-медицинскиот персонал од ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија-Скопје стои на располагање со целото своето знаење и искуство да помогне.
Ги повикуваме сите добронамерни граѓани и организации, во овие тешки моменти да го подржат севкупниот медицински персонал, а не да отежнуваат со создавање паника, страв, и недоверба. Ние го даваме нашиот максимум за да го чуваме и штитиме здравјето на нашите граѓани, понекогаш по цена и на нашето.
Апелираме да бидеме заедно и солидарни во оваа тешка ситуација. Останете дома и бидете здрави.“, велат од Клиниката за хематологија.
