Клуб избрка тренер поради сомневање дека има коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Унгарскиот фудбалски клуб Хонвед презеде решителни мерки за да ги заштити играчите и раководството со тоа што се раздели до тренерот Џузепе Санино. Причината не се лошите резултати, туку тоа што роднините на Санино се од регионот Ломбардија, каде што е срцето на епидемијата од коронавирус во Италија. Шефовите на Хонвед наместо да му забранат да се доближува до нив, одлучиле да го тргнат Италијанецот од клупата за да не случајно го пренесе вирусот во Будимпешта и во Унгарија.

„Раководството на Хонвед се раздели со тренерот Џузепе Санно и помошникот Алесандро Реценти. Има сомнежи дека и двајцата може да се заразени со коронавирус и затоа сме претпазливи и сме должни на секој начин да се заштитиме себе си и фудбалерите и навивачите. Привремено тимот ќе биде предводен од Иштван Писонт“, пишуваат Унгарците.

Извор: Спортмедиа