Книгата на царина се третира како обична стока – се бара посебно третирање и олеснувања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Книгите кои доаѓаат на царина од Албанија и Косово се третираат исто како да увезувате овошје – зеленчук, рече вчера во „Click Plus“, Латиф Мустафа кој пред одредено време отвори книжарница во Скопје

„Има многу проблеми со набавката, еден Македонец лесно може да ги земе книгите од Скопје, а јас треба да ги донесам од Тирана. За да ги донесам од Тирана треба да поминам 2 царини. На секоја царина треба да платам 25 евра за скенирање, исто како што плаќаат тие за компири и виски кои ги носат со тони“, истакна Латиф Мустафа.

За овие тешкотии за кои зборуваше Мустафа, во текот на емисијата телефонски го побаравме и заменик директорот на царина, Ирфан Бучи, кој се информираше за маките на продавачите на книги.

„Вие како зм. Директор на царина, што можете да ветите и какви олеснувања можете да направите во овој правец?“

„Колку што разбрав, имале проблеми на граничните премини посебно со Албанија, на Ќафасан. Никаде во законот, нема доцнења за да правиме пречки, посебно на книгите, било тие да се на албански или на друг јазик. Тие можат да се соочат со проблеми во процедурата на документацијата, а за книгите на албански не верувам дека има некаков проблем“, истакна Ирфан Бучи.

Педагогот, Вјолца Бериша побара книгата да се третира на посебен начин на царина и да не се гледа како обична стока.

„Прашањето е во создавањето на посебните политики за третирање на книгата како посебна стока. Не смее книгата да се третира како обична стока, како што се носат други работи…“, истакна Вјолца Бериша.

Режисерот, Ќендрим Ријани, рече дека тој е загрижен за чистењето на пазарот со таканаречените „лесни книги“. Тој инсистира да има посилни филтри на изданијата, а уште повеќе да се води грижа за самопрогласените автори и поети на социјалните мрежи.

„Лесно е себеси да се наречеш поет или писател. Не е лесно да излезеш спроти Кадаре на саем на книга, да се сликаш и да кажеш „со мојот колега Кадаре““, додава Ќендрим Ријани.

Поканета беше и поетесата, Дијана Тоска, која рече дека уметноста се гради со тек на време затоа младите кои почнуваат да пишуваат не треба да се обесхрабруваат.