Коалициите сѐ уште без финален договор – ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја моли ДУИ за соработка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека сè уште нема финален договор за предизборна коалиција, но како што додава, водат преговори за формирање коалиција меѓу партиите кои делат исти проевропски вредности.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ ја моли ДУИ за заеднички листи на изборите и да го поддржат Стево Пендаровски како кандидат за претседател.

Во моментов двете политички партии, ДУИ и СДСМ со отворен повик за приклучување кон европскиот фронт, но без да прецизираат дали овој фронт е заеднички сега пред изборите или соработката како коалиција ќе остане и по изборите.