Коалицијата АА-ААА го чисти плоштадот „Скендербег“ – Кока: Општина Чаир неспособна да го одржува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Активистите на коалицијата АА-ААА се собраа да го исчистат плоштадот “Скендербег“.

Тие општина Чаир ја нарекоа неспособна и неодговорна да го одржува единствениот плоштад што го има.

„Ова што го гледате денеска, купишта ѓубре, расипани и нефункционални лифтови, не е политика, туку се факти кои говорат најдобро за тоа како општина Чар се грижи за јавниот имот. И бидејќи општината не ја врши работата за која е платена со пари од граѓаните, ние денеска презедовме симболична акција за чистење на плоштадот за да го потсетиме градоначалникот на неговите обврски“, истакна Зуди Енузи Кока.

Во акцијата на помош се вклучи и поетот Чун Лајчи. Тој порача дека доколку сме на Скендербег, тогаш не смееме да го оставиме Скендербег во ѓубре.

„Среќен сум што сум на овој плоштад, каде како младо момче сум доаѓал од касарната кога бев војник, секој ден пеш и сум газел на ова место. Ви се колнам дека беше многу почисто во едно диво време и денеска ми е жал кога како постар чекорам низ ѓубрето на едно гратче, на еден плоштад, во срцето на албанизмот“, вели Чун Лајчи.

Чун Лајчи промовираше две свои книги, а парите ќе одт како донација во општина Чаир за ставање во функција на лифтот кај Скендербег кој речиси цело време е надвор од функција.