Коалицијата Алијанса/Алтернатива ја обвинуваат ДУИ – Учениците од училиштето „Зеф Љуш Марку“ загрозени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците и Алтернатива ја обвинија ДУИ за лошо менаџирање со училиштето „Зеф Љуш Марку“ во Скопје. Односно бараат одговор зошто нема документ кој докажува дека на училишниот објект му е извршен технички прием. Зуди Кока од оваа партија вели дека секој ден во овој објект се загрозени учениците кои следат настава во ова училиште.

„Дали постои некаков документ со кој се докажува дека е извршен технички прием на училиштето?  Дали е вистина дека илјадници ученици следеа настава во еден оbјект пуштен во употреба без технички прием? Дали некој свесно ги загрози животите на учениците, наставниците и другите вработени само заради добивање политички поени? Дали несериозноста и неодговорноста на функционерите на ДУИ повторно доаѓа до израз, како и многу пати до сега!?“, истакна Зуди Кока.