Кобна грешка во комуникацијата: Севернокорејски војници по грешка убиле Руси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинската воена разузнавачка агенција тврди дека севернокорејските војници по грешка убиле осум војници од Русија, во областа Курск, пишува Киев Индепендент.

Причината за фаталниот оган е јазичната бариера, се вели во соопштението од Агенцијата.

„Јазичната бариера останува проблематична во координацијата на акциите. Поради овој проблем севернокорејските војници отвориле пријателски оган врз возилата на т.н. баталјон Ахмат и убија осум руски војници“.

Оваа есен украинските и западните претставници предупредија дека повеќе од 10.000 војници од Северна Кореја ќе се борат за Русија во областа Курск.

ФОТО: Архива