Кога Бугарија ќе ги отвори границите со Македонија? Одговара во „10 минути“ европратеникот Илхан Ќучук

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент г-дин Илхан Ќучук во „10 Минути“ на ТВ21 истакна кога Бугарија планира да ги отвори границите со Македонија.

„По однос на прашањето за отворање на границите, Бугарија поддржува координирана одлука, заедно со Европската унија. Многу е важно, таа грешка која беше направена на почетокот на кризата, секоја држава одделно да дејствува според сопствените интереси, да ни биде овозможено повторно. Да има јасна стратегија за тоа, комисијата не може да налага правила, не може да кажува на членките што точно да прават, но може да кажува според епидемиолошката ситуација и тука имаат предност здравјето на граѓаните во државата и преземањето на мерките. Започнати се разговори со Србија, Грција и Романија за тоа како заедно да излеземе од кризата запазувајќи го животот и здравјето на граѓаните“, вели Илхан Ќучук.