Кога ќе биде готова поликлиниката во Сарај? МЗ не одговори за набавката на опрема

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Првата поликлиника во Сарај почна да добива форма. Но кога ќе им биде на услуга на граѓаните  од таа страна на Скопје, кои со години го чекаат овој медицински центар? Градоначалникот Блерим Беџети рече дека останато е МЗ да обезбеди опрема, од каде што, како што рече, го ветиле тоа.

„Изведувачите ми рекоа дека во вториот месец ќе ја завршат нивната работа за поликлиниката, останува МЗ да обезбеди опрема, со нив бев во комуникација и при усвојување на буџетот и ме уверија дека средства има и се разбира така како што е предвидено очекувам да се пуш ти во употреба.“, рече Беџети.

ТВ21  два дена чека одговор од МЗ, но не добивме никаква реакција во врска со прашањата за колку средства се издвоени за опремување на поликлиниката во Сарај со потребните медицински апарати, кога ќе биде во функција и колку лекари е предвидено да работат таму.

Поликлиниката во општина Сарај ќе биде дел од здравствениот  дом Скопје. Оваа амбуланта ќе опслужува речиси 45 илјади жители од овој дел на градот а кои немаат поликлиника во општината, додека најблиската се наоѓа во општина Ѓорче Петров.