Кога ќе се случи департизација на администрацијата?! Алити вели дека администрацијата ќе биде како во земјите во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

До крајот на оваа година се очекува до Собранието да бидат доставени законските измени за реорганизација на јавната администрација од страна на Министерството за информатичко општество и администрација. И според првиот човек  на ова министерство, со ова ќе се затворат некои институции кои немаат вредност и ќе се додадат некои институции кои се важни.

-Се надеваме дека до крајот на оваа година ќе имаме закон кој ќе го испратиме до Собранието. Инаку, со пилот реорганизацијата, освен што почнавме во три министерства, во МВР, во Министерството за економија и во Министерството за земјоделство, со реорганизацијата ќе затвориме некои институции кои немаат вредност, ќе додадеме некои институции кои се важни и сите агенции и институции ќе бидат под надлежните министерства, за да бидат потранспарентни и комуникацијата со Владата да биде преку соодветните министерства и да има поголема ефикасност, вели Адмирим Халити, министер за информатичко општество и администрација.

Од синдикатот на вработени во органите на правдата и здруженијата на граѓани (УПОЗ) велат дека не очекуваат реформи и брза департизација на администрацијата кај нас додека не се донесе Законот за висока раководна служба. Овој закон се подготвува од 2019 година.

Но, како и кога конечно ќе се случи департизацијата на администрацијата, за која се заложија многу влади, го прашавме и министерот од овој ресор. Алити вели дека Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници ќе ја деполитизираат администрацијата

-Тешко е да се шпекулира од сега, она што отсега го знаеме е дека експерти од нашето министерство како и експерти од Сигма и ЕУ сметаат дека доколку законот помине како што е, ќе дадеме голем придонес да ја направиме јавната администрација слична со многу земји во ЕУ. Има емпириски податоци кои покажуваат дека многу администрации во многу земји од ЕУ се департизирани со овој закон, вели министерот Халити.

Со новите законски решенија, балансерот нема да се злоупотребува, вели Алити, додека методологијата за вработување останува иста од 2015 година, така што процентот на вработеност не се менува, додаде тој.