Поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов како што дознава ТВ21 се пожалил пред партиските органи дека загубата на Град Скопје била сосема неочекувана и се случила токму поради разединувањето на партијата.
Новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски пак пред партиските тела како што дознаваме рекол дека новите предложени лица не доаѓаат за функциите, туку напротив тие се веќе реализирани луѓе кои само ќе донесат дополнителна сила и обединување во партијата. Ковачевски повикал да не се случуваат фракции во партијата, бидејќи пред само еден месец разговарале за обединување, а единствен мотив на поранешниот лидер Зоран Заев бил да се врати партијата на власт.
Претходно ТВ21 објави дека Ковачевски повлече еден од десетината предлози за нови лица во партиските тела бидејќи бил на листата за советници на ЛДП за време на локалните избори, а тоа го дознал непосредно пред одржувањето на партиските тела.