Кои се 4iG? Мобилниот оператор кој сака да влезе во Македонија, еве што нуди

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Унгарската компанија 4iG потврди дека разговара за потенцијално проширување на македонскиот мобилен пазар.

Компанијата сака да понуди мобилни и фиксни услуги во земјава, покрај постоечките мобилни оператори Т-Мобиле, А1 Македонија, Лајкамобајл и Телекабел.

Но, кои се 4iG Групација?

Основана како Freesoft во 1990 година, 4iG на берзата во Будимпешта обезбедува голем број ИТ услуги, вклучувајќи развој на софтвер, управувани услуги и сајбер безбедност, како и понуди за управување со центри за податоци и „облак“. Во последната година, компанијата се прошири во нови области, основајќи своја сателитска фирма и купувајќи локални сателитски и телекомуникациски фирми.

Компанијата е втора по големина телекомуникациски оператор во Унгарија, а свое присуство има и на балканскиот пазар.

Во 2022 година, 4iG Групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE.

Под брендот – ONE, подружниците на 4iG во Западен Балкан прават значителна трансформација и со тоа станува водечки бренд на  пазарот на 5Г мобилни услуги во  Црна Гора, додека ОNE – Албанија формирана преку консолидирање на албанските телекомуникациски компании станува  врвен телекомуникациски провајдер во земјата.

Покрај тековните инвестиции, 4iG Групацијата во соработка со Телеком Египет планира и инсталација на подводен кабел за пренос на податоци со висок капацитет за поврзување на Египет и Албанија. Овој проект може да донесе дополнителни придобивки за Македонија преку зајакнување на дигиталниот и економски раст на земјата.