Кои се најчестите симптоми на Ковид-19? „Доколку имате симптоми, закажете термин и седете дома“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Затнат нос без секреција, нешто слично како кога имате синуси, придружено со главоболка е еден од симптомите кој го разликува Ковид-19 од другите вируси – изјави вчера во Клик Плус, доктор Аспазија Софијанова. Таа додаде дека според едно истражување, корона вирусот може да стои во воздух од 4 до 6 часа и затоа е неопходно носењето маски на отворено.

Директорот на ЦЈЗ, Александар Стојанов, вели дека доколку имате симптоми од Ковид-19, закажете термин за тестирање и седете дома. Тој смета дека високиот број на заразени со корона вирус е резултат на тоа што луѓето не го сфаќаат сериозно вирусот и се однесуваат како се да е нормално.

Според доктор Стојанова, рекордниот број на заразени во последно време е резултат на мутација на вирусот.

Стојанов смета дека доколку се почитуваат мерките кои се на сила, нема да има потреба од рестриктивни мерки бидејќи никој не сака да седи една недела затворен дома.

Стојанов рече дека нашата земја спроведува исти мерки како во целиот свет, само потребно е тие целосно да се почитуваат.