Кои точно производи ќе поевтинат од утре? Одговара Бектеши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од утре (1-ви декември) ќе има намалување на цените на производите, но на кои точно производи се однесува ова намалување?

На ова прашање во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 одговори министерот за економија Крешник Бектеши.

„Јас очекувам утре сите тие производи кои се наведени во одлуката на Владата во делот за замрзнување на маржата да имаат намалување од најмалце од 10 отсто, веќе имаме кај маслото за јадење одредено намалување, утре се очекува дополнително намалување да има во делот на лебот и месните производи“, вели Бектеши.

Според министерот, намалувањето на цените нема да биде веднаш во маркетите поради залихите.

„Производителите ќе им почнат да им понудуваат на маркетите нови цени кои се намалени согласно одлуките на Владата“, додаде Бектеши.