Кој би го добил ресорот – ДУИ или Алтернатива? – Хоџа подготвен да се откаже од министер, само за поддршка во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двете владејачки партии Движење Беса и ДУИ со сите сили се борат да ја добијат власта во општина Тетово. Дури Арјанит Хоџа вели дека е подготвен да го отстапи Министерството за земјоделство во замена за Тетово.

„За да го добиеме Тетово, подготвен сум да го напуштам Министерството за земјоделство“, истакна Аријанит Хоџа.

Беса очекува партијата на Села да го поддржи Биљал Касами во Тетово. Хоџа се сретна и со генералниот секретар на Алијанса за Албанците, но во „Клик Плус“ рече дека не се водат разговори и со другата страна од коалицијата –  Алтернатива.

„Доколку Алтернатива одговори без да ве праша, тогаш тоа укажува на политичка незрелост на субјект кој рече – не го поддржуваме Биљал Касами. Во битката за Тетово е Биљал Касами и Теута Арифи, ако не го поддржат Касами, тогаш значи дека ја поддржуваат Арифи“, додава Аријанит Хоџа.

Но, поинаку мисли премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во однос на коалициските партнери АА-ААА. Алтернатива е потценета од Алијанса, вели Заев.

Според генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, Алтернатива повеќе е наклонета кон ДУИ, но интегративецот Крешник Бектеши не потврдува вакво нешто. Претходно од Алијанса за Албанците преку соопштение за медиуми, ставија до знаење дека сѐ уште немаат донесено одлука за директна поддршка на некој кандидат, а пред само неколку дена Хоџа се сретна со секретарот на Алијанса, Арбен Таравари, откако Елми Азири од оваа партија, во „Клик Плус“ изрази подготвеност да му дадат поддршка на Касами во Тетово.