Кој до пехарот во купот, Шкендија или Силекс? Финалето се игра утре вечер на Арената „Тодор Проески“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре вечер со почеток во 20 часот, на Арената „Тодор Проески“ се игра финалето во фудбалскиот куп на Македонија.

Екипите кои ќе се борат за пехарот се Шкендија и Силекс.

Судејќи според изјавите од двата табора, двете екипи подготвени го дочекуваат финалниот меч.

Во таборот на Шкендија владее оптимизам пред финалето, а тренерот Јетон Беќири потенцира дека неговиот тим ќе влезе максимално мотивирано.

Тренерот на кратовци Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија.