Кој е Ислам Абази? – Првиот Албанец шеф на ОГОКК

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ислам Абази е првиот Албанец на позицијата шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Меѓу 66 гласа добиени од неговите колеги, Абази најмногу гласови доби од Вишото обвинителство во Скопје-24, Вишото обвинителство во Гостивар-16, Битола-13, Штип-7 и од Републичкото обвинителство 6 гласа.

Изборот на Абази крена голема врева и во неколку медиуми и социјалните мрежи. Бројни реакции имаше во врска со капацитетот на Абази за борба против криминалот и корупцијата.

„Реално реакциите за изборот на новиот обвинител, мене ме вратија во едно друго време кога имаше голема доза албанофобија од дел на македонското општество. Многу е некоректно да не му се даде шанса на новиот шеф на обвинителството, иако знаеме дека неговите претходници не дека направија некое чудо во земјава, можеби и би рекол дека дел од нив беа во одбрана на криминалот и воопшто не се бореа против тоа“, вели Арбен Раткоцери.

За Абази се зборуваше дека се дружи со функционери од ДУИ. За тоа беше прашан и собранискиот спикер Талат Џафери. Тој не негираше дека го познава, меѓутоа додаде дека правото да биде избран или назначен е право гарантирано на секој граѓанин.

Абази во трката со неговиот противкандидат Ермон Незири, победи со 2 гласа повеќе. Според министерот за правда, Никола Тупанчевски, новиот закон кој се спровел на овие избори покажал одредени слабости.

Но, кој е Абази, за кого се крена толку прашина. Неговите почетоци беа како јавен обвинител во Основното обвинителство во Кичево, потоа 5 години беше обвинител во Вишото обвинителство, додека во последните 4 години го водеше Вишото обвинителство во Гостивар, во кое рече дека решил тешки кривични случаи. Учествувал во различни работни групи за носење закони, подзаконски акти, правилници за внатрешно работење, коментирање на законот за Јавни обвинители, учество во работна група за Законот за заплена на имот. Следната недела се очекува Абази и официјално да биде назначен за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.